Единствено во Мотоцентар – осигурување на гуми

26

Фото: Facebook

Мотоцентар во ексклузивна соработка со Триглав Осигурување за прв пат на македонскиот пазар воведе нова услуга – Осигурување на гуми.

Овој производ е наменет за правни и физички лица кои поседуваат патнички автомобили со максимална носивост до 3,5 тони и кои ќе се јават во улога на купувачи на нови гуми во еден од продажните салони на Мотоцентар. Производот има за цел да понуди дополнителна вредност за купувачите на нови гуми кои можат да склучат ваква полиса и да добијат покритие за она што не им е покриено со гаранцијата.

Осигурувањето на гуми, покрај покритието што го нуди има за цел да обезбеди и асистенција при настанување на осигурен случај. Асистенцијата ќе биде обезбедена 24/7 преку Асистентскиот центар Europe Assistance од Белград, Србија. Ова осигурување има за цел да обезбеди адекватна заштита за купувачите на нови гуми во еден од продажните салони на Мотоцентар.

Осигурувањето покрива штети при издишана гума, вандализам (оштетување на гума од страна на трети лица) и кражба на гумата. За издишана гума се смета гума која е оштетена/уништена, поради што возилото се смета за неспособно да продолжи да се управува во патен сообраќај. Како оштетувања на гумата се сметаат сите механички оштетувања предизвикани поради шајки или други остри предмети, остри ивици покрај пат, скршено стакло и други слични околности, со исклучок на сообраќајна незгода.

Осигуреникот односно корисникот на осигурувањето, кога ќе настане осигурениот случај задолжително мора да се јави во Асистентскиот Центар и да го пријави случајот. Територијалната важност на ова осигурување се однесува за Македонија и сите европски држави чии национални бироа се членки во системот на зелена карта.