Една од најатрактивните туристички дестинации ги ублажува мерките

89

Почнувајќи од следниот месец, на Бахамите како дел од фазата 3 на планот за подготвеност и обновување на туризмот ќе има ублажување на неколку ограничувања  поврзани со Ковид 19.

Министерот за туризам на Бахамите, Дионисио Д’Агуилар соопшти дека од 15 октомври, пристапот до плажите ќе биде дозволен на сите острови. Хотелите и одморалиштата се очекува повторно да се отворат, а ќе бидат дозволени и услуги со такси превоз по вода, како и авионски патувања меѓу островите. Исто така, ќе бидат дозволени социјални собири на најмногу 10 лица.

Се очекуваат строги хигиенски и безбедносни протоколи, вклучително и парична казна за неносење маска на јавно место.

Атракции, екскурзии и тури се планира да се дозволат повторно од  1- ви ноември. Меѓутоа, казина, спортски сали, кина, фестивали не се очекува да се отворат до фазата 4 од планот за туризам, рече Д’Агуилар.

Датумите на ублажување на овие ограничувачки мерки зависат од успехот на фазата 3.

Посетителите на Бахамите сè уште мора да се придржуваат до задолжителниот протокол при одмор, кој вклучува 14 дена карантин при пристигнување, како и негативен тест за Ковид 19, направен не подоцна од пет дена пред пристигнувањето, како и одобрена здравствена виза достапна на travel.gov.bs.

Фото: Freepik