Една од најголемите банки во Европа дели 35.000 откази

72

Една од најголемите банки во Европа, HSBC соопшти дека е регистриран пад на профитот за 33%, пред сè поради инвестициски и комерцијални активности во Европа, пишува ВВС.

Поради тоа банката ќе мора да направи реструктуирање што ќе доведе до намалување на бројот на вработени. Се очекува да бидат скратени 35.000 работни места. Намалување на бројот на вработено од 235.000 на 200.000 е поголемо од очекувањата и претставува околу 15% од работната сила на банката.

Аналитичарите претходно очекуваа дека HSBC ќе подели околу 10.000 откази.

Од банката порачуваат дека се фокусирани на намалување на трошоците за 4,5 милијарди долари во следните две години, како и намалување на активата на банката за 100 милијарди долари.

Фото: Pexels