Една третина од вработените се плашат дека ќе останат без работа

26

Расте бројот на вработени кои се плашат дека ќе ја загубат работата поради актуелната ситуација, покажува големо регионално истражување на пазарот на труд, во коешто учествуваат: Мојposao.ba од Босна и Херцеговина во соработка со Poslovi Infostud од Србија, Mojposao.net од Хрватска, Vrabotuvanje.com од Македонија и Deloglasnik.si од Словенија.

Една третина од сите испитаници во регионот се плашат за своето работно место. Па така една третина од вработените во БиХ (33%) се плашат дека би можеле да останат без работа во наредниот период поради кризата што ја предизвика пандемијата. Иста е ситуацијата во целиот регион, пренесува Mojposao.ba, каде ист процент на испитаници имаат ист страв. Вкупно 37% од испитаниците од Босна и Херцеговина, од коишто најголем дел се невработени кои активно бараат работа, од почетокот на пандемијата во одреден момент останале без работа. По нив следат Хрватска, Словенија и Македонија со 36%, додека во Србија тој процент е 29.

Во истражувањето учествувале повеќе од 5.000 испитаници од пет земји од регионот, од кои има невработени, вработени и лица кои се школуваат.

Оваа година од седми до 14-ти октомври беше одржан виртуелен регионален саем за вработување, на којшто беа претставени повеќе од 80 работодавачи со над 570 огласи за вработување.

Фото: Freepik