Едно парче облека им носи рекордна добивка на брендовите

64

Ако во светот на модата во текот на 2020 година, едно беше истакнато – тоа е удобноста. Мерките за карантин доведоа до тоа луѓето да работат масовно од дома, во тренерки, хеланки, пижами и да го поминуваат слободното време – секогаш кога можат – некаде надвор, во природа.

Во еден момент, продажбата на овој вид облека го достигна својот врв. Ирскиот моден гигант Primark исто така го забележува трендот на носење и купување удобна облека, а пред се – хеланки. Тие велат дека продажбата продолжи силно во текот на летото 2021 година, а исто така популарни беа и шорцевите.

Главниот “виновник“ за толку голема побарувачка за удобна облека е работата на далечина. BBC наведува дека луѓето сè помалку го избираат аутфитот за во канцеларија. 

Многу брендови и модни дизајнери се свртеа кон создавање колекции за вежбање во теретана. Primark соопшти дека во третиот квартал од неговата финансиска година, “уживал  во многу силна трговија“, што се совпадна со олеснувањето на мерките против ковид.

Значи, се случи интересен феномен: иако ограничувањата се олеснети, вработените немаат намера така лесно да се вратат во “канцелариска облека“ и да ја отфрлат удобноста.