
Откако Бугарија го воведе еврото, прометот на бугарската берза речиси се дуплираше, односно се зголеми за 96%.
Нашиот источен сосед почна да го користи еврото како официјална валута на 1 јануари 2026 година, а од 1 февруари тоа стана единствено законско средство за плаќање во земјата. Оваа одлука не беше дочекана со ентузијазам кај сите граѓани, па властите се обидоа да ја направат новата валута по„бугарска“ и со тоа да ја убедат јавноста дека земјата не губи дел од својот идентитет со нејзиното воведување.
Иако Бугарите имаат поделени мислења за новата валута, резултатите на локалната берза велат поинаку. Во првата половина од 2026 година, вкупниот промет се зголеми за 96% во споредба со истиот период минатата година и достигна 449 милиони евра. Само во јуни, обемот на тргување се зголеми за 105% во споредба со мај, на 141,2 милиони евра.












