Египет има пораст на бројот на туристи од почетокот на година, на околу пола милиони месечно, што влева доза на оптимизам дека нивниот број ќе биде во пораст во текот на целата година, изјави тамошниот министер за туризам, Калед Ел Енани.
Приходите од туризам се важен извор на девизи за Египет, но минатата година се намалија за околу 70% поради пандемијата. Туризмот во земјата чини до 15% од бруто домашниот производ на Египет, јавува Ројтерс.
Во април Египет има околу 500 милиони долари приходи од туризам, двојно помалку одошто истиот месец во времето пред пандемијата. Туристичките работници се надеваат дека до крајот на годината ќе се вакцинираат туристичките работници кои работат во одморалишта покрај Црвеното море, што би требало да стане подрачје безбедно од ковид.
Египет и Русија во април договорија повторно воспоставување на авиолинии меѓу двете земји, бидејќи рускиот пазар е многу важен за Египет, бидејќи до 2015 година Русите беа најбројни со околу 3,5 милиони туристи годишно.
Фото: Pixabay












