ЕИФ и ПроКредит Групација обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании

18

prokredit-banka-580x324

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и ПроКредит Групацијата обезбедуваат дополнителни 450 милиони евра за иновативни мали и средни компании, што вкупно изнесува 820 милиони евра пласман во кредити за бизнисите во 11 земји.

Финансирањето обезбедено од ЕИФ е пласирано преку ПроКредит банките во Европа (Германија, Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Украина и Грузија) и е наменето за компании кои инвестираат во нови технологии и производи. Досега, со кредитите за иновации, ПроКредит има поддржано повеќе од 1.000 иновативни мали и средни компании, а во следните години овој број ќе се зголемува.

Овие договори беа потпишани во согласност со InnovFin иницијативата на Европската комисија, поддржани преку програмата за истражување и иновации на ЕУ – Horizon 2020. InnovFin иницијативата им овозможува на банките да пласираат кредити за иновативни компании со гарантна шема обезбедена преку Европскиот инвестициски фонд. Договорот потпишан меѓу земјите членки на Европската унија беше овозможен со поддршка од страна на Европскиот фонд за стратегиско инвестирање. Овој фонд е централен столб на Европскиот инвестициски план за Европа, познат како Juncker Plan.

Pier Luigi Gilibert, Главен извршен директор на ЕИФ изјави: “Воодушевени сме што InnovFin гарантната шема за мали и средни претпријатија реализирана во соработка со ПроКредит Банка има доста позитивни резултати. Добро распространетата мрежа на ПроКредит банките, комбинирана со нивното искуство и експертиза за кредитирање на мали и средни претпријатија ни дава гаранција дека кредитите поддржани од Европската комисија ќе бидат брзо пласирани во 11-те земји каде што банката работи. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите пристап до финансиски средства обезбедени од страна на Европска унија и ќе го поттикнат иновативниот дух низ Европа”.

Jyrki Katainen, Потпретседател на Европската комисија, одговорен за вработување, раст, инвестиции и конкурентност, изјави: “Европската комисија верува дека малите бизниси придонесуваат за развој на нови вработувања и раст во Европа. Со олеснување на пристапот до финансии, којшто на претпријатијата ќе им овозможи нови инвестиции, проширување на бизнисот и креирање нови работни места, Европска унија активно ги поддржува малите и средни компании во Европа. Лично им посакувам голем број на успеси на претпријатијата кои го користат ова финансирање”.

Борислав Костадинов, Член на Управниот Одбор на ProCredit General Partner AG (единствен управен орган на ProCredit Holding AG & Co.) изјави: “InnovFin иницијативата со сигурност ја поддржа модернизацијата на малите и средни претпријатија во земјите во кои работиме. Благодарејќи на нашиот долгорочен однос со голем број на иновативни компании и работејќи како нивна матична банка, ПроКредит банките беа во можност да финансираат иновативни проекти во голем број на индустрии, особено во секторот за производство. На наше задоволство Европскиот инвестициски фонд и ПроКредит Групацијата одлучија да ја прошират соработка во поглед на оваа успешна програма”.