ЕК проектира оваа година да заврши со раст на БДП од 1,7%

15

evra-naredeni-pixabay

Фото: Pixabay

Во есенскиот извештај Европската комисија предвидува Македонија оваа година да ја заврши со економски раст од 1,7%. За следната 2018 година, ЕК предвидува раст од 2,7%, додека за 2019 година проекциите покажуваат пораст на БДП за 3,2%.

Во однос на стапката на невработеност, ЕК превидува оваа година таа да биде 22,2%, а постепено да се намалува во следните две години: 21,4% во 2018 и 21% во 2019 година.

Економските движења и инвестиции во првото полугодие од оваа година бележат пад поради политичката криза, но ЕК очекува да се врати интересот кај инвеститорите истовремено да зајакне и економската активност.