ЕК: Цената на вакцините не е јавно достапна информација

37

Европската комисија не може да открие по која цена се набавуваат потенцијалнитe вакцини против болеста Ковид-19, бидејќи тоа е принцип што се применува на комерцијалните преговори и го штити процесот на тендерски набавки.

“Цената на вакцината е дел од потпишаните договори меѓу ЕК и компаниите, но овие информации не се јавни“, вели портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Тој објаснува дека, додека се водат преговори за комерцијални договори, со неколку компании, информациите се доверливи за да не влијаат на резултатот од преговорите.

Се додава дека доверливоста на ваквите документи е “стандардна постапка“ што ја применуваат фармацевтските компании при потпишување договори со сите земји.

Одобрени се четири договори

“Не се само договорно-комерцијални интереси, но мора да бидеме претпазливи да не дозволиме компаниите да ги изберат најдобрите услови за време на преговорите“, вели европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.

Европската комисија досега одобрилa четири договори за набавка на вакцини.

Покрај одобрениот договор со Pfizer, ЕК досега има потпишано договори за набавка на вакцини со фармацевтските компании Astra Zeneca, Sanofi и Johnson & Johnson.

Комисијата додава дека, во согласност со стратегијата за вакцинација на Европската Унија, набавката на вакцини се фокусира на производителите од територијата на Европа.

Фото: Pixabay