Економијата на Индија со пад од 7,3%

31

Економијата на Индија во фискалната 2020/2021 година се намали за 7,3%, во најлошата рецесија, под притисок од рестриктивните мерки против пандемијата.

Индиската фискална година трае од април до март следната година.

Податоците укажуваат дека тоа е најлошата рецесија за третата по големина азиска економија по 1947-ма година, кога стекнала независност од Велика Британија. Тоа е воедно и првата рецесија во повеќе од четири децении.

Индија по стекнувањето независност се соочила со четири рецесии.

Бруто домашниот производ на Индија во период од јануари до март оваа година има пораст од 1,6%. Поради пандемијата, индиската економија во период од април до јуни лани се намали за 24,4%.

Индија од пандемијата изгубила околу 329.000 жители, а најголем дел од нив во текот на вториот бран од инфекцијата што започна на почетокот на оваа година.

Се проценува дека седум милиони Индијци останале без работа во текот април оваа година. Земјата е втора во светот по број на заразени зад САД.

Фото: Pexels