Економската активност на еврозоната порасна на рекордно ниво во мај

15

Економската активност на еврозоната порасна на рекордно ниво во мај, покажува анализата на Markit, што сугерира дека растот би бил уште побрз без застој во снабдување што доведе до огромен раст на трошоците за производство.

Економијата на еврозоната во текот на минатата година беше погодена од пандемијата, а владите затворија поголем дел од доминантната услужна индустрија. Но, фабриките останаа отворени, а ограничувањата во различни земји беа постепено ублажени.

Притисоците од инфлацијата би можеле да бидат добро прифатени меѓу законодавците во Европската централна банка (ЕЦБ) коишто не успеаја да ја приближат инфлацијата ни близу до зададената цел и покрај реклаксираната монетарна политика.

Фото: Pexels