Експеримент на Ikea: Што сакаат децата?

54

reklama

Шведскиот произведувач на мебел, Ikea, спроведе мал експеримент во Шпанија. На група деца им даде две листи. На првата да ги запишат желбите што сакаат да добијат за Божик од Трите свети крала, а на втората листа да запишат што сакаат да добијат од родителите. На првата листа очекувано се најде попис на играчки, а втората листа ги остави родителите со солзи во очите.