Електричната енергија со најголемо учество во вкупната потрошувачка на енергенти во април

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014 година, во Македонија вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 690.030 МWh електрична енергија, 7.148 мил.nmприроден гас, 729.060 тони јаглен и 80.246 тони нафтени продукти.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 71,6% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.