Електронска нараквицa наместо карантин

50

За Израелците кои се враќаат во земјата од странство, воведена е можност да носат електронска нараквица што им овозможува на властите да следат дали ја кршат задолжителната изолација.

Оваа пробна програма започна вчера на аеродромот Ben Gurion со 100 нараквици за електронски надзор.

Патниците кои доаѓаат од странство мораат да останат во карантин до две недели, во хотели платени од владата, за со сигурност да се утврди дали се заразени со коронавирус, но оние што ќе се согласат да носат опрема за електронски надзор можат да си одат во своите домови, пренесува Ројтерс.

Електронскиот систем за надзор ги предупредува властите доколку некој ја прекрши изолацијата и се оддалечи од својата куќа или ако ја отстрани нараквицата од раката.

“Можно е пилот-програмата да прерасне во проект со илјадници електронски нараквици за надзор со цел успешно спроведување на мерките за изолација пропишани од владата”, велат од компанијата Supercom, која ја дизајнираше нараквицата за електронски надзор.

Фото: Pixabay