Елитен туризам во Хрватска: Пристигнуваат мега јахти, приватни авиони…

67

Задоволителни резултати оваа сезона би можел да оствари елитниот туризам во Хрватска. Во Дубровник пристигнуваат луксузни мега јахти, приватни авиони, а цели семејства се сместуваат во вили каде што престојуваат со недели, пишува ХРТ.

Педесетина јахти, помали и поголеми, долги од 30 до 140 метри, овие денови може да се забележат на хрватскиот дел од Јадранот. Иако се помалку од други години, сепак подолго се задржуваат на пристаништата.

“Тоа е апсолутно, по мое мислење, во овој момент најпрофитабилен сегмент од наутичкиот туризам. Ние гледаме на заработката што државата ја остварува од даноци на чартерите што е околу 13% од нивниот неделен наем. Тоа е околу стотина илјади евра“, вели Доријан Дујмиќ, директор на BWA Yachting од Хрватска.

Престојот на јахта секако се смета за своевидна изолација, па потребно е само да се дезинфицира она што ќе се внесе во бродот.

Во оваа земја расте интересот за изнајмување на цели вили, бидејќи туристите бараат целосно изнајмување за престој на целото семејство. Поголемиот дел од тие гости пристигнуваат со приватни авиони, коишто сега, поради недостиг од комерцијални летови, сочинуваат околу 80% од сообраќајот на аеродромот во Дубровник.

Фото: Freepik