Енди Џеси се обрати на својот тим: Заглавени сте со мене уште шест, седум месеци

38

Идниот шеф на Amazon, Енди Џеси се обрати пред вработените во одделението на Аmazon кое со години е под негова палка.

Ова е неговото првото официјално обраќање откако Џеф Безос го именува за негов наследник. Тој на своите вработени им рече дека нема ништо да се промени додека официјално не го преземе Amazon подоцна годинава.

“Накратко, сега засега сè останува исто. Знаете и сами дека комплетното преминување нема да се случи до третиот квартал оваа година, и така сте заглавени со мене уште чест, седум месеци. Тоа ни е доволно време да ја согледаме ситуацијата и да видиме кој ќе го води Amazon web service по моето заминување“, рече Џеси.

Педесет и двегодишниот Џеси стана дел од Amazon во 1997-ма година откако дипломираше на Харвард.

Фото: Facebook