Според експерти, годинава што изминува не се покажа во најдобро светло кога станува збор за глобално потрошени пари за рекламирање. Сепак, прогнозите за следната 2020 година се дека маркетинг индустријата ќе забележи пораст во своето работење, пишува CNBC.
Податоците од World Advertising and Research Center (WARC) велат дека во светски рамки до крајот на годинава ќе има зголемување за 2,5%, што ќе придонесе за финалната потрошена сума до 31 декември да изнесува 618,7 милијарди долари.
Растот што експертите го предвидуваат за следната година е 6% и зголемување на сумата потрошена за рекламирање на 656 милијарди долари на глобално ниво.
Во 2020 година најголем број на рекламите ќе бидат на интернет и тоа на YouTube, Google и Facebook. Тие се очекува за прв пат да придонесат за повеќе од половина од глобалната потрошувачка за маркетинг.
Огласувачите, според прогнозите ќе потрошат 29,9% од нивните пари за рекламирање на телевизија, 23,1% на Google и YouTube, додека за Facebook процентот се очекува да биде 12,9%.
Фото: Pixabay