Еснаф и Раат кредити на Халк Банк

32

esnaf kredit halk banka

Халк Банк во своето кредитно портфолио нуди два нови типа на кредити: Еснаф и Раат.

Еснаф кредитот нуди поволни услови за трговци поединци, мали и средни претпријатија од производни, производно – услужни дејности и трговија кои сакаат да го прошират својот бизнис.

Кредитот нуди можност за отплата во рок од 60 месеци и аплицирање за максимален износ до 300.000 денари.

raat_kredit_novosti

Раат кредит од Халк Банк нуди едноставно решение за финансирање на трајни обртни средства, како и останати тековни обврски на бизнисите чиј деловен циклус е подолг од една година.

“Конципиран е да овозможи доволен рок за отплата на средствата под конкурентни услови. Раат кредит е финансиска алатка што ќе овозможи стабилно функционирање дури и во најбурните времиња“, стои во соопштението.

Раат кредитот ги нуди следните услови: револвинг кредит за микро, мали, средни и големи претпријатија со бизнис циклусот подолг од 12 месеци; можност за финансирање трајни обртни средства со револвинг кредит; едноставна и брза процедура при одобрување; конкурентна каматна стапка и трошоци за одобрување; рок на отплата 24 месеци и износ до 6.000.000 денари.