Essencia – унгарско “кралско“ вино од 40.000 долари

88

Royal Tokaji, вински производител од вулканскиот регион Токај во Унгарија, продава вино од 40.000 долари. Високата цена, како што велат, се должи на неговиот врвен квалитет, достоен за кралеви, пишува Reuters.

Со ова производителот се надева дека повторно ќе ја оживее кралската традиција на правење на вино со  “благородно гниење“, процес каде што лозјето гние помогнато од габата Botrytis, при што се зголемува концентрацијата на шеќерот во виното.

Доколку се остави да зрее подолг период се чувствува арома на рози и зелен чај.

Royal Tokaji вели дека Essencia е моментално најскапо вино на пазарот, а 1,5 литарското, рачно изработеното шише се продава со специјална тапа направена во Португалија. Виното е спакувано во црна лакирана кутија што свети директно во него со притискање на копче.

Во продажба се пуштени само 18 шишиња од ексклузивниот пијалак.

Фото:Royal Tokaji