Почетна Новости Етереум повторно го собори сопствениот рекорд

Етереум повторно го собори сопствениот рекорд

33

Етереум, втората најголема криптовалута во светот, достигна нова рекордна вредност од 3.456,57 долари, зголемувајќи ја својата цена за околу 360% од почетокот на оваа година, објави CNBC повикувајќи се на најновите податоци на веб страницата CoinDesk.

Интересот за криптовалути забележа огромен пораст во текот на изминатата година, а најмногу се зајакна побарувачката за биткоин, кој постојано ги уриваше сопствените рекорди. Неговиот раст на вредноста се припишува на низа фактори, вклучително и зголемениот интерес од институционални инвеститори и големи компании, како што е Теsla, кои почнаа да го купуваат.

Минатиот месец, Европската инвестициска банка соопшти дека ја издаде својата прва дигитална обврзница за јавно тргување на блокчејн платформата Етереум.

Фото: Pixabay