ЕУ издава обврзници вредни 80 милијарди евра

20

Првпат во историјата Европската комисија оваа година очекува издавање на долгорочни обврзници во вредност од 80 милијарди евра за да помогне во финансирање на планот за закрепнување од 750 милијарди евра.

Со продажба на обврзници, како и на краткорочни хартии од вредност, ЕУ годинава ќе “успее да ги покрие најважните потреби на земјите членки и ќе ги постави на пат кон одржливо закрепнување“, смета европскиот пратеник за буџет, Јоханес Хан.

Издавањето на првите обврзници би можело да почне на крајот на месецот, а краткорочните хартии од вредност би се продавале од септември.

Од средината на оваа до 2026 година, просечното годишно задолжување би требало да биде околу 150 милијарди евра.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за програмата пред околу една година, заедно со буџет од 1.100 милијарди евра за период 2021 – 2027 година, којшто би бил финансиран најмногу од придонеси на земјите членки.

Фото: Pexels