ЕУ креира дигитален паричник

20

Европската унија треба да ги објави плановите за воведување дигитален паричник во низ целиот блок од 27 земји, по барањето на земјите членки да најдат начин за безбеден пристап на граѓаните до јавни и приватни услуги, пишува Financial Times.

Апликацијата на граѓаните ширум ЕУ ќе им овозможи безбеден пристап до различни приватни и јавни услуги со помош на единствена онлајн идентификација, се наведува во статија на британскиот весник, а пренесува Ројтерс.

Дигиталниот паричник ќе обезбеди зачувување на податоци за плаќање и лозинки и ќе им овозможи на граѓаните од сите 27 земји членки да се пријават на веб страниците на локалните власти или да плаќаат сметки за комунални услуги користејќи технологија за препознавање на идентитет.

Покрај останатите методи, со апликацијата ширум ЕУ ќе може да се пристапи преку скенирање на отпечаток од прст и зеница на окото, а ќе служат и како сеф во којшто корисниците може да чуваат лични документи, како што е возачка дозвола и слично.

Фото: Pexels