ЕВН нов сопственик на Градска куќа

10

Успешно заврши електронската аукција, којашто е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија.

Согласно со законските прописи, на 04.11.2019 година се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари.

Купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со којшто ќе се заврши целата постапка.

Фото: Pixabay