Eвропа фрла 140 милијарди евра поради неправилен облик на овошје и зеленчук

48

Дури 50 милиони тони зеленчук и овошје во Европа се фрла затоа што се со неправилна форма, а сето тоа чини неверојатни 140 милијарди евра, укажува Светската организација за заштита на природата на Светскиот економски форум (WWF) по повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот.

Оваа организација стартуваше кампања против фрлање храна со која сака да влијае на намалување на количината храна која се фрла и да испратат порака до носителите на одлуки дека е неопходен функционален систем на донирање храна кој би овозможил и на рестораните и продавниците едноставен систем за помагање на загрозените луѓе.

Додека во светот се одбележува Меѓународниот ден на биодиверзитетот од Светскиот економски форум порачуваат дека дури 70% од биодиверзитетот се изгубени со уништувањето на природните живеалишта за добивање повеќе обработливо земјиште. На крајот една третина од таа храна завршува во отпад.

“Илјадници врсти билки, животни, габи и микроорганизми се користат во исхраната ширум светот. Таа голема разновидност овозможува производство на храна во различни средини и на луѓето им овозможува пристап до разновидна и урамнотежена исхрана. Доколку не ја ја зачуваме таа разновидност, нема да успееме да го сузбиеме гладот до 2030 година, што е една од целите на ОН за одржлив развој“, истакна Фабијан Хрватин Пероња од WWF.

Проблемот со отпадот од храна, како што наведуваат од таа организација, стои рамо до рамо со проблемот со климатските промени и пластиката, која се повеќе го загрозува живиот свет во нашите мориња. Сепак, поради огромната количина, но и искористувањето на земјиштето, водата и енергијата за производство на прекумерна количина храна, нашето влијание врз планетата е многу големо. Остатоците од храна создаваат притисок врз депониите, додаваат од Светскиот економски форум.

Фото: Pixabay