Европа пред затворање – Франција очекува и до 100.000 заразени дневно

100

Низа држави во Европа се на раб на затворање, поради константниот пораст на бројот новозаразени со коронавирус. Локдаун веќе е воведен во Белгија, Ирска и во Велс.

Исто така, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и во Италија, додека полициски час има во Италија и во Чешка. Пред губење на контролата е и Германија, која денеска забележа нов рекорд новозаразени од повеќе од 10.000 случаи.

Слично е и во Франција, Италија, Холандија, Чешка, Австрија, Словенија, Белгија, Шпанија. За 10 дена бројот заразени двојно се зголеми, цифрите се рекордни, се најавува заострување на мерките и таму каде веќе е воведен карантин.

Франција предупреди дека може да има и до 100.000 новозаразени дневно. Претходниот неславен рекорд им беше 52.010 за еден ден.

Класиечен карантин имаат Белгија, Ирска и Велс. Вонредна состојба има во Шпанија и во Франција, а австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека не е исклучен втор карантин. За тоа ќе одлучи бројката на пациенти во болниците.

Дефинитивно земја со најмногу заразени по број на жители е Чешка. Премиерот Андреј Бабиш најави продолжување на вонредната состојба.

“Ако не се случи чудо, ништо друго не ни преостанува освен заострување на мерките“, изјави тој.

Веќе се затворени училиштата и повеќето продавници, а многу Чеси не се придржуваат до мерките.

Словенија објави дека од денеска граѓаните не смеат да го напуштаат местото каде живеат ако не е неопходно. Порано не смееја да го напуштат поширокиот регион, со полициски час од 21 до 6 часот наутро. Од викендот се затворени хотелите и сите продавници освен прехранбените.

Делотворноста на затворањето се покажа во Израел, каде децата постепено се враќаат во училиште, откако четири седмици бројот на новозаразени од повеќе од 9.000 падна на 2.000. Бројката и натаму паѓа, па во саботата беа забележани 692 заразени.

Фото: Pixabay