Европска земја планира дополнително оданочување на богатите

37

Еднократниот данок за богатите може да биде најдобриот начин Велика Британија да ги пополни дупките во својот буџет предизвикани од коронавирусот.

Наместо да се зголемуваат даноците за секого, владата размислува да воведе данок само за милионери. Оданочувањето на овие домаќинства треба да изнесува дополнителни 1%, што би ѝ донело на државата 260 милијарди фунти за пет години.

Само оваа година државата потроши 280 милијарди фунти на мерки за борба против Ковид-19, како и за помош на британската економија. Зголемувањето на даноците за богатите би било поправедно отколку зголемување на даноците на намирниците што луѓето ги купуваат секој ден.

Данок од 1% на богатите може да се воведе со петгодишна важност.

Фото: Freepik