Европската комисија стави крај на самоволието на рејтинг агенциите

25

moneti

Фото: Pexels

Европските парламентарци усвоија нови правила за тоа кога и како кредитните агенции можат да ги оценуваат државните долгови и финансиското здравје на приватните компании. Правилата ќе обезбедат агенциите да можат да ги издаваат несаканите кредитни рејтинзи на државните долгови само на определен датум, а приватните инвеститори кои се потпираат на ваквите оцени, ќе можат да ги тужат за небрежност.

За да се избегне судир на интереси, ќе биде ограничен и сопственичкиот дел на агенциите во оценување на компаниите, извести Европскиот парламент.

Кредитните оцени треба да бидат јасни, затоа што од агенциите се бара објаснување на клучните елементи на кои се темелат. Оцените нема да смеат да влијаат на државните политичари, а агенциите нема да смеат да застапуваат никакви политички промени.