
Европските акции денес се повлекоа по третото последователно затворање на рекордно високо ниво, поттикнато од знаците за ублажување на кинеско-американските трговски тензии, бидејќи инвеститорите ги мерeа низата извештаи за корпоративните приходи.
Индексот STOXX 600 падна за 0,2 проценти на 575,88 поени до 08:10 часот по Гринич, објави Ројтерс.
Оптимизмот во врска со потенцијалниот трговски договор меѓу САД и Кина ги поддржа пазарите во понеделник, со фокус на планираната средба во четврток меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг во Јужна Кореја.











