Европските берзи нерамномерни, нафтата се движи околу 77 долари

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цената на нафтата од типот Брент се движи околу 77 долари за барел, додека пазарите ги проценуваат ризиците од нова ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и последиците врз глобалното снабдување со нафта преку Ормутскиот теснец.

Според пазарните податоци во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта WTI падна за 0,57 проценти на 73,102 долари за барел, а цената на нафтата Брент падна за 0,71 процент на 77,263 долари.

Германскиот DAX порасна за 0,71 процент, францускиот CAC 40 за 0,52 проценти, додека британскиот FTSE 100 падна за 0,41 процент, а московскиот MOEX за 0,82 проценти.