
На европските берзи утринава цените на акциите паднаа петти ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени поради слабите показатели од кинеската економија и поради тоа што ентузијазмот за стимулативните мерки таму стивна.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9 часот и 30 минути беше во минус за 0,6 отсто, слабеејќи петти ден по ред.
Утринава лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,63 отсто, на 7405 поени, додека франкфуртски DAX ослабе за 0,67 отсто, на 15.719 поени, а париски CAC 0,91 отсто, на 7212 поени.
Паднаа и азиските берзи
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи.
Инвеститорите утрово беа разочарани од извештајот кој покажува дека активноста во услужниот сектор во Кина во август забележа најслаб раст во последните осум месеци поради слабата домашна побарувачка.
Ова покажува дека закрепнувањето на втората по големина светска економија се уште е слабо и покрај мерките што властите се обидуваат да ја поттикнат потрошувачката.