
Европските берзански индекси денес пораснаа, додека цената на нафтата Брент малку падна на 103 долари по новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгресот на 3 ноември, со коментар дека Вашингтон и Техеран водат „продуктивни разговори“.
Според податоците на берзата, Брент падна за околу 0,96 проценти во 9:30 часот утрово, на 103,220 долари за барел, додека американскиот WTI падна за околу 0,71 проценти, на околу 90,808 долари.
Во исто време, Трамп рече дека американската поморска блокада на Иран ќе остане на сила и повтори дека на Техеран нема да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје, објави CNBC.
Промената на тонот дојде пред изборите на кои гласачите ќе одлучуваат за составот на Конгресот, додека зголемувањето на трошоците за живот и цените на горивата се важни политички прашања.
Според Американската автомобилска асоцијација AAA, просечната цена на бензинот во САД моментално е 4,36 долари за галон, што е за околу 40 проценти повеќе од претходната година.
Европските фјучерси за гас за ноември се тргуваа на отворањето на берзата TTF во Амстердам денес по цена од 77,675 евра за мегават-час, или околу 813 евра за 1.000 кубни метри гас.
Германскиот берзански индекс DAX порасна за 0,79 проценти, францускиот CAC 40 за 0,85 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,83 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,81 процент, а московскиот IMOEX за 0,02 проценти.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,12312 долари.
Цената на златото се искачи на 4.193,35 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,8429 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).












