ExxonMobil за три месеци прокнижи добивка од 2,7 милијарди долари

16

ExxonMobil, којшто минатата година пријави загуби во сите четири тримесечја, во првиот квартал од оваа година забележа добивка од 2,7 милијарди долари, а приходите бележат раст за 5,3% на 59,1 милијарда долари.

Компанијата соопшти дека нејзината просечна цена на продадена сирова нафта порасна за 42% во однос на последното тримесечје од минатата година, додека цените на природниот гас пораснаа за 33%.

Условите за работа на нафтената компанија се подобрија, но и понатаму се под 10-годишниот просек поради зголемената понуда на пазарот и високото ниво на залихи.

Фото: Pexels