Facebook и Universal потпишаа договор за лиценцирање на видеа

20

facebook-1903445_960_720

Фото: Pixabay

Facebook и Universal Music Group (UMG) склучија договор што ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат видеа од архивата на Universal, на социјалната мрежа како и на Instagram и Oculus, јавува Reuters. Договорот, што за Facebook е прв со голема издавачка куќа, ги решава проблемите со авторските права на Universal покренати од неовластена употреба на материјалите на своите уметници.

Договорот на Facebook со UMG доаѓа во момент кога компанијата се обидува преку видеа да ги задржи корисниците на својата веб страна, како и да привлече повеќе огласувачи. Според истражувачите на Pivotal Research, овој договор за лиценцирање ќе му помогне на Facebook да биде во чекор со YouTube со оглед на тоа дека музичките видеа се најпопуларна категорија на сајтот.

Како што велат од Universal, повеќегодишниот договор ќе биде проширен и во иднина ќе го вклучи и Facebook Messenger.