Facebook избриша седум милиони лажни објави за коронавирусот

23

Facebook објави дека отстранил седум милиони во вториот квартал од оваа година поради ширење на лажни информации за коронавирусот, вклучувајќи и содржини што се однесуваат на лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Ројтерс.

Од оваа социјална мрежа се отстранети околу 22,5 милиони постови со говор на омраза во вториот квартал од годината, наспроти 9,6 милиони во првите три месеци од 2020 година. Исто така, избришани се и 8,7 милиони постови поврзани со екстремистички организации, додека во првите три месеци од годинава се избришани 6,3 милиони објави.

Facebook користи вештачка интелигенција со цел да ги детектира овие лажни објави.

Фото: Facebook