Facebook тестира нова апликација за прикажување на временска прогноза

26

Facebook-is-displaying-weather-information-in-users-News-FeedsFacebook тестира нова апликација наречена weather alerts преку којашто корисниците ќе можат да добијат информации за временските услови, пишува The Next Web.

Моментално корисниците од Велика Британија во својот News Feed без разлика дали е тоа преку Android или iOS оперативен систем, добиваат апдејти за времето. Истите се покажуваат како карти со поздрав во зависност од тоа какво е времето тој ден, краток опис на временските услови, илустрација и линк кој води до подетални информации.

Кога ќе кликнете на линкот, истиот ви ја покажува моменталната температура, како и максималните и минималните температури од остатокот на денот. Друг линк пак потоа ве води до веб страната Weather.com, каде ќе најдете поопширен извештај за вашата локација.