Факом евидентираше 15,4 милиони денари добивка во 2018 година

53

Факом, во период од први јануари до 31-ви декември лани, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 15.458.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 2.319.000 денари.

“Во периодот од 01.01. до 31.12.2018 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат во нето износ од 15.458.144 денари, наспроти добивката од 2017 година од 2.319.018 денари. Ова се должи пред сè на интензивирање на започнатите работи и договори од минатата година и оваа динамика го одредува обемот и финансискиот резултат што се оствари во 2018 година“, стои во Образложението на неконсолидираните финансиски извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваат 1.376.668.000 денари. На домашен пазар се реализирани 443.782.000 денари, додека поголемиот дел од 932.886.000 денари е остварен на пазари во странство.