Факти за Никола Тесла

567

Никола Тесла е познат по бројни изуми без кои модерниот свет не би бил таков каков што е денес. Роден е на денешен ден во 1856 година во хрватското село Смилјан.

Подолу неколку факти за иноваторот на 19-от век:

Опседнат со бројот три

Тесла бил опседнат со бројот три, како и сите броеви што биле делливи со три. Морал три пати по ред да ги измие рацете или исто толку пати да ја обиколи зградата пред да влезе. Голем дел од неговите “ритуали“ се поврзуваат со опсесивно – компулзивно однесување.

Големина на залак

Според зборовите на неговите пријатели и оние кои имале прилика да се најдат во рестораните што ги посетувал Тесла, пред да го доближи залакот до устата, ја пресметувал неговата зафатнина, бидејќи во спротивно не би уживал во јадењето. Ја пресметувал дури и големината на шолјата за кафе, чинијата за супа… Најверојатно поради тие навики, сакал да јаде сам.

Опседнат со светлина

Во раната младост му се појавувале слики, проследени со блескава светлина, што му го замаглувала погледот на она што навистина го гледал. Тој сметал дека тоа не се халуцинации, туку во еден момент може да ја види сликата, толку јасна и живописна, што некогаш не можел да разграничи кога е реално, а кога не.

Одбојност кон накит

Тесла имал голема одбојност кон женски обетки, особено бисерни, па дури избегнувал било каква комуникација со дами што носеле таков накит. Иако на некоја вечера запознал интересна и убава дама, но постојано ја избегнувал бидејќи на себе носела бисери.

Изострени сетила

Тесла тврдел дека има изострени сетила, велејќи дека може да слушне грмење на оддалеченост од 880 километри. Исто така, може да го слушне отчукувањето на рачниот часовник што бил три соби далеку од неговата, додека летањето на мувата во неговата глава предизвикувало прав татнеж од звуци.

Бил загрижен еколог

Тој бил загрижен поради фактот што луѓето премногу брзо ги трошат ресурсите на планетата, што го поттикнало да се занимава со обновливи извори на енергија. Затоа одлучил да ги проучува начините на извлекување на природната енергија од земјата и воздухот.

Стои зад концептот на технологија на паметни телефони уште во 1901 година

Тесла имал непресушен извор на идеи, па во една прилика претставил нов начин на инстант комуникација – испраќање на податоци на берзата и кратки телеграм пораки. Тој секоја порака преку цевка ја примал во лабораторија, каде потоа ја кодирал и ја ставал на избрана фреквенција. На тој начин, го осмислил паметниот телефон и безжичниот интернет.

Имал фотографска меморија

Тесла бил познат по фотографска меморија. Имал навика да запамети слика во книгите и да ги користи како основа за своите изуми. Наводно, можел да визуелизира во три димензии.

Некои изуми на Тесла станале државна тајна

Откако починал во 1943 година, Канцеларијата за сопственост на странци ги земала сите негови лични работи. Поголемиот дел од работите завршиле во рацете на семејството на Тесла од кои повеќето завршиле во музејот во Белград. Некои документи сè уште стојат сокриени во архивите на американската влада.

Фото: Pixabay