Факти за новогодишниот концерт на виенската филхармонија

201

Очите и ушите на голем број вљубеници на класичната музика едвај го чекаат први јануари за да можат да уживаат во звуците на новогодишниот концерт на виенската филхармонија.

Познатиот новогодишен концерт секоја година се одржува во Златната сала на Виенското музичко друштво (Wiener Musiкverein) на први јануари. Членовите на тамошната филхармонија свират одбрани дела од династијата Штраус.

Златната сала не само што е една од најубавите, туку и една од најакустичните сали во светот. Изградена е по примерот на античките сали, а за први јануари се украсува со разнобојни цветни аранжмани.

Се верува дека новогодишниот концерт, покрај изборот за песна на Евровизија, е најпренесуван настан во рамки на Европската радиодифузна унија. Преку малите, а и поголемите екрани, го следат гледачи од 90 земји во светот. Оние кои имаат најмногу среќа, можат да го гледаат во живо само ако бидат извлечени преку лотарија. Билетите се доделуваат на овој принцип поради големиот интерес.

Постои можност, новогодишниот концерт да се следи во живо и бесплатно. Таа можност ја имаат жителите, но и сите туристи во Виена, кои можат да го следат концертот на отворено небо на плоштадот пред градското собрание и пред зградата на државната опера.

Секоја година, диригентската палка ја има различен шеф на оркестарот. Оваа година таа чест ќе ја има Андрис Нелсонс.

Првиот новогодишен концерт е изведен на 31-ви декември 1939 година под диригентската палка на Клеменс Краус. Од први јануари 1941 година, концертот се изведува од 11:15 часот во првиот ден од новата година.

Фото: Facebook