Фактурирање материјали и услуги според член 32-а

4842

digitron-1

Фото: Pexels

Компанија, работи со продажба на електроматеријали и вградување на истите во градежни објекти.

Прашање: Кога се појавува како подизведувач за извршената работа, изготвува времена ситуација по член 32-а, односно ситуација во која ДДВ-то е пренесена ставка. Дали може кон ист коминтент да издава две различни фактури? Во првата да се фактурираат само материјалите во која ќе изрази плус ДДВ, а за услугата и монтирањето да направи посебна ситуација во која го користи членот 32-а?

Одговор: ДДВ-то според член 32-а, став 1, точка 1, во вашиот случај се пренесува доколку се исполнети следните услови:

– Градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно со законот со кој се уредува градењето.

– Вршителот и примателот на прометот да се регистрирани ДДВ обврзници,

– Да имаат склучено договор.

Ако се исполнети напред наведените услови, а се издаваат две посебни фактури, една со материјали со пресметан ДДВ, а другата фактура – ситуација за изведбата по член  32-а, не е во ред. Овој промет е неделив и треба да се фактурира комплетно по член 32-а со пренесување на даночната обврска. ДДВ-то за вградените материјали подизведувачот не треба да го фактурира, а има право да го побарува како влезен ДДВ содржан во влезните фактури на вградените материјали.

 

Ако имате прашање за Ксенија Чаминска, можете да го поставите на Бизнис советник.