Family Box пакет на Т-Mobile и T-Home – интернет, MaxTV и два постпејд броја

146

Од 23 мај, сите корисници на Т-Mobile и T-Home ќе имаат единствена можност да активираат Family Box, пакет на услуги, одговор на телекомуникациските потреби на целото семејство.

Family Box е комбинација од најатрактивните мобилни и фиксни услуги на една сметка. За месечна претплата од 1999 денари вклучени се најбрзиот интернет за дома, најдобрата телевизија MaxTV со над 80 ТВ канали и два постпејд броја со неограничени разговори кон сите мрежи и неограничен интернет.

„Ова е првата интегрирана понуда на пазарот и е одговор на сите комуникациски потреби на едно семејство. За прв пат се нудат и телефонија и интернет и МaxTV во еден пакет и тоа неограничени. Нашите корисници го заслужуваат најдоброто, а Family Box е најдоброто на едно место, на една сметка и по одлична цена“, изјави Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле, Македонија.

Понудата е достапна за сите нови и постоечки корисници на Т-Mobile и T-Home со договор за лојалност.

Корисниците на пакетот можат да купат и телевизор на рати коj ќе се плаќа преку месечната сметка, а со секој од вклучените постпејд мобилни броеви да изберат и смартфон или таблет по многу поволна цена.

Освен овие поволности, корисниците кон пакетот може да приклучат и дополнителни постпејд и припејд картички по потреба, а со секоја дополнителна SIM картичка може да се склучи договор за Доверба за мобилен апарат или таблет.

Family Box е новина на пазарот, најдоброто за целото семејство.

Повеќе информации на: 122 или на t-mobile.mk.