ФЕИТ ќе соработува со Институтот за нуклеарни науки Винча

45

feit-1Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе соработува со Институтот за нуклеарни науки Винча од Белград, Србија. Со потпишување на Меморандумот за соработка, ќе се продлабочи соработката во образовните и научно-истражувачките активности преку работа на заеднички проекти, размена на академски кадар и на студенти, размена на искуства во иновативни методи на предавање, организирање заеднички симпозиуми, работилници и конференции.

Од Институтот за нуклерни науки Винча повеќе од 40 години работат на стеризилација на медицински садови и конзервација на храна со јонизирачко зрачење.

Меморандумот ќе овозможи продлабочување на долгогодишната соработка помеѓу двете институции, посебно во истражување и карактеризација на нови материјали, материјали третирани со јонизирачко зрачење и нивна примена во индустријата, како и стеризација на медицински материјал, козметички препарати и додатоци во исхраната.