Ferrari е најмоќниот бренд во светот

44

ferariСпоред резултатите на новата студија на Brand Finance, изненадувачки, пред Coca Cola и Google, најмоќниот бренд во светот е Ferrari.

Ferrari освои прво место во категоријата сила на бренд, додека во категоријата севкупна вредност на брендот, убедливо прво место е Apple.

При проценка на силата на брендот во предвид се земени параметри како просечен приход од секој клиент, средства потрошени на маркетинг, лојалност на клиентите, по кои Ferrari изби на прво место меѓу 500 други компании.

“Секогаш е задоволство да си на врвот на некоја листа, уште повеќе кога во натпреварот се вклучени некои од најпознатите светски компании. Ова достигнување покажува дека дури и во многу тешки економски времиња, Италија може да му понуди на светот совршеност. Зад ова признание стои исклучителен производ направен од исто толку исклучителни жени и мажи. Тие го направија ова возможно и благодарен сум и за тоа”, изјави претседателот на Ferrari, Лука ди Монтеѕемоло.

Најмоќните пет брендови се (во милијарди долари): Ferrari (3,6), Google (52,1), Coca Cola (34,2), PwC (16,4) и Hermes (4,5).

Највредни пет брендови се (во милијарди долари): Apple (87,3), Samsung (58,8), Google (52,1), Microsoft (45,5) и Walmart (42,3).

The BrandFinance® Global 500 прави анализи на перформансите на водечките брендови во сите B2C и B2B сектори, за да создаде листа на највредни 500 светски брендови. Оваа студија е најголемата студија од ваков вид во светот.