Фершпед ќе исплаќа дивиденда од акумулирана добивка

35

Фто: Pixabay

Компанијата за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, Фершпед донесе предлог одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар.

“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на Друштвото до 2008 година во бруто износ од 29.019.340 денари. Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 1.780 денари. Дивидендата ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите“, стои во предлог одлуката, што пред Собранието на акционери ќе се најде на 17-ти мај оваа година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 05.06.2019 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда 06.06.2019 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.06.2019 година.

Компанијата, исто така, донесе и предлог одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2018 година.

“Добивката по оданочување за 2018 година во износ од 84.269.390 денари се распоредува на следниот начин: 74.110.690 денари како нераспределена добивка и 10.158.700 денари за награди на членови на органи на управување“, стои во предлог одлуката.