Фершпед за девет месеци прокнижи 52,3 милиони денари добивка

16

fersped

Фершпед оствари вкупна сеопфатна добивка од 52.338.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во период од јануари до септември лани, компанијата оствари добивка од 18.013.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 2.138.661.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 2.060.238.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 78.423.000 денари.

Фершпед е компанија за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта, а се занимава и со меѓународна трговија, банкарство, хотелиерство, винарство и игри на среќа преку купување акции во тие дејности.