Fiat Chrysler и PSA ќе добијат дозвола за спојување од ЕУ

31

Американско – италијанскиот производител на автомобили, Fiat Chrysler и француски РЅА ќе добијат дозвола од Европската унија за спојување во висина од 38 милијарди долари, пренесуваат светските медиуми.

Со ова и официјално ќе биде создаден Stellantis, четвртиот најголем производител на автомобили во светот што приходите од продажба на камионети RAM и теренци на JEEP во САД ќе ги насочува кон развој на возила со нулта емисија на штетни гасови наменети за Европа и Јапонија.

Спојувањето што беше најавено на крајот на минатата година под една “капа“ ќе ги стави брендови како што се: Fiat, Jeep, Dodge, Ram и Maserati, како и Opel и DS на Peugeot, со намалување на трошоците за пет милијарди евра, што нема да бараат затворање на фабриките.

PSA изрази подготвеност да произведе повеќе комби возила и да ги продава по цена како јапонскиот конкурент Toyota, со којшто основаше заедничка компанија за ваков вид на возила.

Fiat Chrysler и PSA ќе им овозможат на овластените трговци во одредени градови да ги промовираат конкурентните брендови.

Фото: Freepik