Филипче: Вакцината против коронавирус ќе биде бесплатна

21

Веќе се обезбедени 833.000 дози вакцини за 400.000 граѓани, преку Ковакс механизмот, овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој напомена дека приоритет во вакцинирањето против коронавирус ќе имаат сите здравствени работници од ковид центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти.

“Станува збор за 833.000 дози вакцини со кои се ќе се вакцинираат за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, а дополнителна количина ќе биде набавена од фирмите производители AstraZeneca и Pfizer, како и третата опција преку механизмот на земјите од ЕУ, од нивните директни билатерални договори со компаниите. Нема да се наплаќа, а државата ќе ја чини по 10 долари од доза, набавна цена според Ковакс системот“, рече Филипче.

Фото: Freepik