Финска авиокомпанија најде начин да ги задржи своите вработени

29

Финскиот национален авиопревозник Finnair ќе отвори супeрмаркети за продажба на храната којашто ја служат во бизнис класа во авионите.

Компанијата на овој чекор се одлучи за да ги задржи работниците од својот кетеринг сервис и на оние на кои им недостасуваат летови во време на Ковид–19, да им овозможи да го почувствуваат вкусот на гастрономската кујна на авиокомпанијата.

Финската државна авиокомпанија соопштила дека, според пилот – програмата, рачно подготвените оброци наречени Taste of Finnair, за почетокот ќе се најдат во понудата на една продавница веќе од четврток, пренесува агенцијата АП.

Во понудата ќе има разновидни готови јадења, вклучувајќи арктички лосос и говедски специјалитети на јапонски начин, чија цена ќе биде околу 10 евра (12 долари), се наведува во соопштението на Finnair.

Ова е уште еден потег што го преземаат авиокомпаниите ширум светот во обид да ги употребат своите неактивни ресурси во текот на пандемијата,

Некои авиопревозници во таа смисла нудат и симулирани летови, лажни патувања, при што авионот полетува и слетува на исто место, а некои нудат и седење во авион коешто се наплатува по час.

Фото: Pixabay