Фински научници создадоа алтернатива на пластиката од дрво и пајакова свила

211

Научници од Финска креираа нов материјал којшто, според нив, е еколошка алтернатива за пластиката.

За да го создадат материјалот од дрвени влакна и пајакова свила, научниците започнаа со пулпа од бреза. Истата ја разложија на целулозни нано-влакна, коишто потоа беа наредени едно до друго на скеле, информираат од Aalto University.

Следен чекор беше додавање на лепило од пајакова свила коешто помогна да се создаде мека целина и да се поврзат нано-влакната.

Според тимот, добиениот материјал е со многу подобри карактеристики од познатите синтетички и природни варијанти. Не се деформира и може да се витка без да се скрши. Исто така, тој е целосно биоразградлив и не содржи нафта.

Со оглед на тоа што пајаковата свила е тешко да се добие по природен пат во големи количини, научниците тоа го направија преку бактерии со изменета ДНК.

Плановите за новиот материјал е да се искористи за импланти, текстил, амбалажи и за предмети што се отпорни на удар.

Фото: Pixabay