Финско студио ќе гради пловечки комплекси со базени

33

Фото: Opeaa

Финското архитекстко студио Opeaa, планира да направи комплекси со базени којшто пловат во вода, дизајнирани да се “прикотват“ во градовите коишто имаат река или крајбрежје. Првиот се планира да биде изграден во Оулу, Финска, пишува Dezeen.

Ова студио освои награда за развивање на глобален концепт за “Allas Sea Pool“, којшто треба да биде преставен следното лето. Минатата година беше пуштен во употреба еден ваков пилот комплекс во Хелсинки и истиот функционира и денес.

Се планира некои објекти да бидат прицврстени за земја, а други, како на пример базенот, да пловат во вода.

Секој комплекс ќе биде поделен на два дела, едниот ќе содржи сауни, спа, јавен простор и соби за изнајмување, додека другиот ќе има ресторан и кафе бар.